Запознајте ги Про Фит

Про Фит e нашиот бизнис партнер кој ни докажа дека и здравата, високо-протеинска храна со намалени калории, намалени масти и намалени јаглени хидрати и шеќери, може и тоа како, да биде вкусна! Ние и нашите корисници веќе се уверивме во тоа, а ве предизвикуваме и вие да пробате! Зборувавме со Ивона, еден од ко-основачите на овој бизнис, и токму таа ни раскажа на кратко за нивната мисија.

1. Про Фит во неколку зборови

Про Фит е специјализирана продавница за протеинска храна. Кај нас може да најдете протеински чипсови, смоки, чоколади, бисквити, наполитанки, пудинзи, палачинки, паста, пица, ориз, супи, сокови и пијалоци. Имаме и производи без ГМО, без глутен, без лактоза, без додадени шеќери, со додадени витамини и колаген, вегански и вегетаријански.

2. Што е тоа што го прави Про Фит единствен?

Про Фит е единствена продавница на нашиот пазар во која сите производи се со намалени шеќери.

3. Koи се плановите на Про Фит за во иднина. Што може да очекуваме?

Кај нас скоро секој месец има нови производи и нови вкусови бидејќи практикуваме да се советуваме со нашите клиенти, односно ги прашуваме што на нив им е потребно. Последните неколку месеци се зголеми интересот за вегански производи, па затоа донесовме 5 нови вкусни вегански барови. Отворени сме за препораки.

4. Ваш производ кој мора сите да го пробаат 🙂

За сите љубители на благо препорачуваме Протеински кранч со кикирики и карамел. За оние кои се по “солената” храна, тортиља чипс со вкус на чедар

5. Што би им препорачал на Челенџерите?

Самото тоа што се корисници на оваа апликација кажува многу за нивната самосвест, па затоа би им препорачале да продолжат така, бидејќи само на тој начин ќе може да им помогнеме и на другите во нашето општество.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *