Запознајте го Freshys :)

Една успешна заедница се гради само кога бизнисите и поединците со иста мисија соработуваат меѓусебно. Тимот на Challenger е горд што Фрешис е нашиот бизнис партнер, каде 34% од профитот одат во донации на храна за бездомни лица.Повеќе за нивната приказна дознавате од Љубомир (сопственикот) кој беше наш соговорник. 

1.Freshys во една реченица

Фрешис е место со интересна и свежа храна кое се труди да ја разбуди солидарноста во нашиот град.

2. Што е тоа што Ве издвојува од другите места

Ние сме единствен ресторан со социјален бизнис модел во Македонија, преку кој донираме храна за бездомниците а овозможуваме редовни попусти за студентите и учениците.

3. Твојот омилен Freshys производ

Мој омилен производ е сендвичот со хумус и кашкавал.

4. Koи се плановите на  Freshys за во иднина. Што може да очекуваме?

Во план ни е да отвориме барем уште една локација во Скопје.

5. Што би им препорачал на Челенџерите

-Би препорачал да водат активен живот и со секое дејствие да ја штитат животната средина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *