Како поминаа корисниците во првата затворена тест верзија

Challenger низ призмата на своите корисници

Првата тест фаза доаѓа при крај. Додека трае процесот на отстранување на последните багови (технички грешки), решивме да го споделиме искуството на 5 (пет) сегашни корисници. Ние им поставивме неколку прашања, а ова беа нивните одговори:

Што е тоа што ти се допаѓа кај Challenger?

  • Златко: Поените даваат желба за конкуренција!
  • Елена:  Концептот да се движиш за попусти
  • Ајхан: Физичка активност, здраво тело, кондиција и допринос за почиста животна околина (без употреба на автомобил)
  • Пепи: Целосната идеја за Challenger
  • Сандра: Наградите и предизвиците

Колку награди освои?

  • Златко: 1 (Една, ама вредна)
  • Елена: 5
  • Ајхан:  8
  • Пепи:  3
  • Сандра 5

Што имаш да им препорачаш на идните корисници?

  • Златко: Да пешачат почесто
  • Елена:  Не заборавајте да ја вклучите апликацијата, макар и само за до продавница
  • Ајхан: Активно вклучете се, кориесно е како за вас самите така и за околината
  • Пепи: Користете го Challenger  колку што можете повеќе и препорачате ја на вашите пријатели
  • Сандра: Ништо не е совршено

Која беше твојот омилен баг (техничка грешка) ;))

  • Златко: Пешачењето го мереше како велосипед 🙂
  • Елена: Додадените километри 🙂
  • Ајхан: Ресетирање на километрите
  • Пепи: Кога ќе ти крашне 6 пати во минута 😉
  • Сандра: Кога не ме регистрираше кога возев точак, иако возев со голема брзина 🙂
wink

Ова се само дел од нашите корисници, а другите се зафатени со користење и тестирање на апликацијата 

heart

Наскоро ја лансираме отворената тест верзија за 2.000 корисници. Ако го немаш оставено твојот мејл, тогаш направи го тоа на следниот линк, и ние ќе те известиме веднаш чим ја лансираме Challenger 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *