СуперХероина #15

Серијал за нашите СуперЕкоХерои

Претстави ни се во една реченица 

– Јас сум Кика Авеиро, Видео продуцент, графички дизајнер, модел и активист на социјалните медиуми. 

Како изгледа твоето секојдневие? 

– Работам како фриленсер така да секој ден ми е различен, некои денови ги поминувам работејќи од дома, но некои денови сум константно во движење, по состаноци, настани и слично. 

Која е твојата животна мисија? 

– На крајот на денот целта на ова што го правам е да ги мотивирам луѓето да си го живеат животот онака како што тие сакаат и да се охрабрат да ги следат своите соништа и заедно да го направиме овој свет малку поубав. Содржините кои ги објавувам на социјалните мрежи се наменети за луѓе кои поминуваат низ некои тешки моменти во животот или сакаат да работат на личен развој, па кога ќе дојдат на мојот профил се мотивираат и се чувствуваат дека не се сами во тоа што го поминуваат, но исто така и тие кои можеби не се согласуваат со она што го зборувам, сепак тоа што ќе го кажам на некаков начин им влегува во глава, што е прв чекор кон напредок.

Кое е твоето примарно превозно средство? 

– Мое примарно превозно средство е дефинитивно велосипедот. Поубаво ми е да се движам со велосипед од со било што друго од неколку причини:

  1. Супер начин да одржуваш активен живот
  2. Допринесува до почиста околина
  3. Побрзо стигнувам секаде.

Во последните неколку години во Скопје се направија еден куп велосипедски патеки и е многу лесно да се движиш секаде со велосипед. Многу често се случува да поминувам на велосипедска патека покрај редица автомобили заглавени во сообраќај и стинувам многу побрзо до мојата дестинација од било кој човек во тие автомобили. Кога сум на точак секогаш сум со слушалки, слушам музика и ми е журка, некогаш и си заигрувам и потпевнувам и некако не ми е грижа како тоа изгледа од страна, а често слушам и аудикниги или подкасти.

Колку километри неделно поминуваш пешки или пак на велосипед? 

– Во просек поминувам околу 40 километри неделно со велосипед.

Што е тоа што те мотивира да возиш точак/пешачиш дури и кога е ладно? 

– Не возам точак само кога има силен дожд или кога е многу ладно. Иако сум многу зимурлива и не сакам ладно, се обидувам да го искористам за возење точак секој последен ден пред да дојде зимата. Искрено најмногу не ја сакам зимата заради тоа што не можам да се движам со точак.

Имаш ли желба да дознаеш, или пак да ги запознаеш луѓето кои исто како и ти сакаат да направат промена Го прифаќаш ли предизвикот да станеш дел од Challenger заедницата и заедно да донесеме промени во нашиот град?

– Секако! 🙂 Ајде да видиме кој ќе собере најмногу поени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *