Што научивме во 2019 година

Тимот на Challenger

Знаеме дека скоро сите правиме recap на работите кои сме ги поминале изминатата година, ама оваа година е важна за целиот CHALLENGER тим, бидејќи нашата приказна започна токму во 2019!

Затоа одлучивме низ 10 точки да Ви кажеме што научивме како тим. Ова се тие 10 работи кои ќе ги носиме заедно со нас во 2020:

  1. Учиме и растеме заедно како тим. На нашиот последен self evaluation session сфативме дека сите многу сме созреале низ овој процес, но и дека имаме уште многу да учиме од околината, нашите корисници и партнерите.
  2. Имаме локални супер еко херои за секој еден ден од годината, и така за следните 100 години 🙂
  3. Градењето startup е како ролеркоастер – имате успешни моменти на кои се радувате, а потоа бран на некои разочарувања/грешки за кои мислите дека нема да може да најдете брзо решение. Ама кога сте во тим се’ е полесно 🙂
  4. Успехот доаѓа кога луѓе и бизниси со иста мисија ќе се спојат за заедно да делуваат. Затоа сме горди на бизнисите кои од прва прифатија заедно да делуваме. Се надеваме дека ќе има уште многу такви во 2020 😉
  5. Challenger нема да биде тоа што е, и тоа што допрва ќе стане без сите ВАС! 
  6. Направи добра процена за можностите кои ти се нудат – некогаш кажи НЕ. Кога сте на почеток прифаќате се’, но потоа сфаќате дека губите премногу енергија. Затоа научивме да поставуваме приоритети и да ја штедиме енергијата. 
  7. Work however much feels right –  Сите во нашиот тим моментално работат 8-часовна работа, а после работа се концентрираме на развивањето на Challenger. Tокму поради ова дел од тимот се соочи со burnout. Соочувајќи се со ова научивме дека најважно е пред се’ да се грижиме за самите себеси и да земаме одмор. Бидејќи нон-стоп работење не е секогаш најпаметното и најпродуктивно решение, напротив се намалува продуктивноста на тимот.
  8. Есапот дома и на пазар не е ист. Иако идејата за Challenger остана непроменета, самата апликација претрпе големи промени од почетнaта замисла до тоа што е сега.
  9. Во ред е понекогаш да ги продлжиме зададените рокови, ама само понекогаш 😉
  10. TURN YOUR HUMAN POWER ON функционира! Кога ќе ги активираме своите капацитети, тогаш гледаме колку далеку може да стигнеме и ги надминуваме своите лимити, па дури и излегуваме надвор од зоната на комфорт.

Затоа нека 2020 година биде година на сите оние кои носат промени во нашето општество! 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *